Музичка зрелост
Во последните неколку години, Александра бележи забележителен пресврт кон музичка зрелост, дефинирајќи го својот звук како софистициран, модерен и европски. Клучната фигура во оваа трансформација е продуцентот и композитор Лазар Цветкоски (Lcv).
Нов бран
Оваа соработка донесе нов бран на синглови кои го покажаа нејзиниот вокален капацитет во ново, позрело светло: „Денот што ни носи“, Глумиме“, „Утрото ќе промени се“, „Одвреме на време“, „Нашата песна feat. Tyzee“, „Дождови“. Најнов резултат на долгогодишната соработка е вториот студиски албум „Сестро“.
2026
Соработката со Лазар се прошири и во живо, вклучително и емотивните акустични изведби како онаа со Лозано, каде што музичката хемија и продукциската прецизност на Цветкоски совршено ја надополнија бојата на гласот на Александра.